Омилени филтри на популарните Инстаграм блогери

Инстаграм е преполн со совршени фотографии кои имаат речиси идеална изостреност, хармонија на контрасти и фантастична осветленост.  Познатите инфлуенсери ова го постигнуваат благодарение на VSCO апликацијата.  Речиси сите  тие се согласуваат дека има 3 врвни филтри со кои фотографијата може да ја едитирате, а да не погрешите. Па ако сакате и вие на вашиот профил да имате фотографии кои пленат со својата изостреност и го мамат окото со детали и бои, послужете се со некој од следниве VSCO филтри:

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-1.jpg

HB2 – Овој филтер ја задржува изворната боја на фотографијата, но додава малку светлина. Го зајакнува контрастот, па е одличен за динамични фотки во движење.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-2.jpg

A6  филтер  користете го ако сте поборник на природниот изглед. Овој филтер  ја прочистува фотографијата и ги истакнува природните тонови на неа, а на деталите им дава тополи нијанси.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-3.jpg

G3 – филтер. Чувајте го за дотерување на летните фотки бидејќи скоро секогаш дава зен ефекти на фотографиите.

Слични Вести
Menu