Ќе ви се заврти во главата кога ќе прочитате колку заработуваат.
Foto: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH
Со светот се повеќе владее Инстаграмот , тоа сигурно го знаевте, но дали знаете дека најбрз пат да се дојде до најпосакуваната титула на престижниот магазин Форбс – “најбогати”, оди преку оваа социјална мрежа?
Еве кои се 3-та најплатени инфлуенсери на Инстаграм
1.Двејн Рок Џонсон
Има 190 милиони слредбеници, а заработува по 1.015.000 долари за секој пост, или попрецизно за секоја објавена фотографија. Со една негова фотографија на Инстаграм тој заработува повеќе отколку повеќето луѓе во светот за целиот свој живот.
Foto: EPA-EFE/NINA PROMMER
2. Кајли Џене,
Миленичката на тинејџерите има 186 инстаграм следбеници, а заработува по само 986.000 долари за секој пост, па заслужено е на второто место
Foto: EPA-EFE/RINGO CHIU
3.На третото место е Ким Кардашијан, со 180 милиони следбеници на Инстаграм и 858.000 долари по пост. Фановите добиваат дневна доза од нејзините колекции шминки, а нејзиниот фид е преполн и со се што се случува во нејзиниот живот – шминка, гламур, деца, семејство.
И ако сиве овие суми ги помножите со деновите во годината, лесно ќе дојдете до сума од која ќе ви се заврти во главата. “Тежок” инфлуерсерски живот, нема што.
Foto: EPA-EFE/NINA PROMMER
