До неодамна никој не слушнал за Тик Ток, а сега оваа социјална мрежа стана мошне популарна меѓу тинејџерите и докажа дека нема само “глупави” содржини . Моќта на Тик Ток ја проценаа и блогерите и модните инфлуенсерки кои започнаа редовно да објавуваат содржини на оваа нова социјална мрежа – да даваат совети како да се облекувате, да ги покажуваат своите облеки и да откриваат трикови што ги користат за решавање на типични модни проблеми. Па така некои од нив за кратко време собраа рекорден број верни придружници и станаа најпознати модни инфлуенсерки.
1.Британија Ксавиер
Оваа трендсетерка моментно има повеќе од 2 милиони следбеници на „Тик Ток“ и е позната по нејзините генијални проекти за DIY и трикови. Таа негува кул, но секојдневен стил
2.Али Милен
Али на Тик Ток е позната по нејзиниот урбан, но женски стил, кул фризури, одлична колекција накит и забавни скечеви.
3.Самира Радмер
Оваа блогерка од Лос Анџелес споделува корисни модни упатства за тоа како да комбинирате одредени парчиња. Покрај тоа, Самира исто така споделува совети за тоа како да добиете изглед инспирирани од славните по прифатлива цена.
4. Интересен профил наТик Ток несомнено има и Кери Феј . Покрај модните клипови, на нејзиниот профил можете да најдете и корисни трикови за уредување фотографии, а видеото каде што таа ја фотошопира лате уметноста во нејзиниот кафе-филџан, е толку генијална што набрзо стана виална.