Вертикалните шуми на Stefano Boeri цветаат низ целата планета

По почетокот на трендот на градење згради со фасади исполнети со вегетација, што секако се должи на Stefano Boeri со неговата наградувана зграда Bosco Verticale во Милано, слични објекти почнаа да никнуваат ширум планетата. Сега, двата најголеми проекти на „вертикални шуми“, потпишани од овој италијански архитект, ќе бидат изведени во Кина со стотици дрвја и илјадници садници. Проектите на двата зелени кинески комплекси на италијанскиот архитект, го продолжуваат зелениот тренд во градежништвото.

2

Две зелени кули

Првиот зелен комплекс е во Вухан, а станува збор за амбициозен градежен проект кој ќе се реализира на парцела со вкупна површина од 4,54 хектари. Комплексот содржи вкупно пет кули, од кои две ќе бидат покриени со зеленило и во нив ќе бидат организирани апартмани, додека во останатите објекти ќе има хотели и комерцијални простори.

3

Објектите се речиси целосно готови, а пред неколку дена првото дрво беше подигнато и инсталирано на висина од 90 метри. Преостанува уште 395 стебла да се интегрираат во објектот, како и 3.600 грмушки и 12.000 повеќегодишни садници, се тоа пред најавеното отворање во февруари 2021 година.

4

Автохтона флора

„Нашето внимание постојано е насочено кон автохтоната флора на регионот во кој создаваме. Бараме интересни видови кои претежно се користат во традиционалното градинарство. Нашето ботаничко истражување во Хуанганг се фокусира на видовите кои потекнуваат од регионот Хубеи. Многу од овие растенија се култивирани и можеме да ги видиме во европските паркови, а потекнуваат од тука. Иако многу видови и сорти ни се познати, некои од нив се специјално одгледувани за овој проект, бидејќи не можевме да ги најдеме во расадниците од регионот од каде што потекнуваат, затоа што се сметаат за премногу „диви“. Нивната имплементација во проектот создава дополнителна вредност во однос на биодиверзитетот, атрактивноста и идентитетот “, вели агрономката Лаура Гати, која е задолжена за развој на проектот SBA Vertical Forests.

1

Вториот проект, Nanjing Vertical Forest, би требало да биде завршен во мај 2021 година. Проектот се состои од две кули покриени со зеленило, чии височини достигнуваат 200 и 108 метри. Bо нив ќе бидат организирани деловни простори, хотел, училиште за зелена архитектура, како и простории за малопродажба, ресторани, конференциска сала и изложбени простори.

5

И овој комплекс во моментов е во фаза на засадување на зеленило, а кога ќе заврши овој процес, Nanjing Vertical Forest ќе содржи 27 автохтони растителни видови, дури 600 големи дрвја, 200 стебла со средна висина и над 2.500 садници грмушки и висечки растенија.

6
Извор : www.porta3.mk
You might also like
Menu