Фитнес совет: Кога е вистинското време за оброк, пред или после тренинг?

Некои од нас претпочитаат утрински а некои вечерен тренинг, но никој не сака да тренира со празен стомак и без енергија која ќе го мотивира да вежба. Сепак, една од најголемите фитнес дилеми е како да пронајдете рамнотежа помеѓу тренингот и оброкот и кога е идеално време за оброк, пред или после тренингот.

Нутриционистите велат дека одговорот на ова прашање лежи во нашето тело, се разбира ако можеме да го слушнеме и видиме.

Исто така нутриционистите советуваат дека ако сте тип кој јаде пред тренингот, потребно е да јадете најмалку 30 минути до 2 часа пред тренингот за да ја сварите храната и да избегнете чувство на гадење. Ако сакате да извлечете максимум од вашиот тренинг, треба да јадете комбинација на протеини и јаглени хидрати што ќе ви ја дадат вистинската количина на енергија за интензивно тренирање.

Пред вежбање, не треба да јадете тешка храна која ќе ве надува и ќе создаде чувство на слабост, туку да изберете банана, тост леб со сирење и авокадо, грчки јогурт и овошје, или некој лесен оброк во кој уживате.

Оброкот пред тренинг треба да содржи 200 до 250 калории кој ќе ги задоволи вашите потреби за вежбање.

_________________________________________________________________

__________________________________________________________________

Исто така важно е да испиете соодветна количина вода пред тренинг, за да не дехидрирате.

Ако сте тип што јаде после тренингот, одлучете се за комбинација на јаглехидрати и протеини, бидејќи протеините помагаат за обновување на мускулите, додека јаглехидратите поттикнуваат регенерација на енергијата.

После тренинг вашето тело е исцрпено и му е потребна енергија, па затоа е важно што ќе изберете за да ви помогне да закрепнете и да ги регенерирате мускулите, но тоа не значи дека треба да претерате. Ако сакате да воспоставите калориски дефицит и да стопите маснотии, после тренингот изедете само толку колку ви е доволно за да се чувствувате најадено.

You might also like
Menu