Една куќа во Америка стана позната низ цел свет, и тоа со причина. Иако на прв поглед изгледа дека во неа не е можно да се живее, оваа неверојатно тесна градба крие пространа внатрешност на два спрата во која комотно може да живее цело семејство.
Оваа тесна куќа била изградена во 2003 година во предградието на Чикаго, Илиноис и од првиот ден го привлекувала вниманието на сите минувачи, а по објавата на социјалните мрежи се вброи во импресивни градби и стана туристичка атракција. Интересно е што куќата всушност била изградена не како хир на ексцентричен архитект, туку од потреба, со обзир на тоа што сопственикот сакал максимално да го искористи малото и тесно парче земја што го имал.
Тајната се крие во нејзиниот клинест облик налик на парче америчка пита, заради кое и го понела тој назив Pie House. Куќата на едниот крај е широка се на се 1 метар, а на спротивниот достигнува широчна на една просечна просторија , но изгледа преубаво.
Фотографиите од внатрешноста откриваат дека домот е многу поширок и покомотен отколку што изгледа однадвор. Куќата има корисен простор од дури 150 метри квадратни.
Фотографиите на куќата станаа вирални, па потоа сопствениците ја прогласија за продажба, па новиот сопственик за неа кешира сума од 270 илјади долари.