Меланија Трамп за последен пат ја украси Белата куќа – како изгледаат декорациите оваа празнична сезона?

На почетокот од минатата недела Меланија Трамп ја пречека новогодишната елка за Белата куќа, а сега откри и како ја украсила куќата за празничната сезона.

melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona1.jpg

По сите предвидувања и резултати, фотелјата во Белата куќа ќе ја наследи Бајден, а Меланија Трамп веројатно за последен пат има можност да ја украси резиденцијата.

На нејзиниот официјален Instagram профил таа сподели видео на кое се гледаат новогодишните декорации.

Во описот Меланија открива дека темата за оваа година е „Убавата Америка“, а во видеото се гледа дека куќата е исполнета со многу елки, бели сијалички и црвени новогодишни украси.

Украсувањето на Белата куќа е последната должност на Меланија како прва дама на САД, а наводно, новогодишните украси се направени од дечиња од секоја држава во САД. Пред да го објави видеото, Меланија им се заблагодари на сите волонтери кои учествувале во украсувањето:

„Овој викенд, волонтерите од цела Америка дојдоа да украсуваат за празничната сезона. Ви благодарам за вашето време, ентузијазам и посветеност поради кои историските простории и ходници од оваа куќа се исполнети со мир и радост“.

melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-02.jpg

Иако Меланија беше критикувана бидејќи изјави дека не ѝ било грижа за украсување, годинава очигледно се потрудила.

melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-03.jpg
melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-4.jpg
melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-05.jpg
melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-07.jpg
melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-08.jpg
melanija-tramp-otkri-kako-ja-ukrasila-belata-kukja-za-ovaa-praznichna-sezona-9.jpg
You might also like
Menu