Изгубил многу пријатели од СИДА, зависност од дрога во младоста – Факти за Елтон Џон, кои не сте ги знаеле

Опседнат е со откачени очила за сонце, ја има излечено зависноста од дрога, близок е до кралското семејство, има две деца, се бори за човечките права и повикува на масовно тестирање за ХИВ, бидејќи изгубил многу пријатели кои се бореле со СИДА – факти за Елтон Џон и неговиот живот.

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-1.jpg

Елтон Џон е еден од најдобрите музичари на сите времиња, кој во текот на својата кариера има извадено толку албуми што не може да се добројат и има добиено огромен број на награди за своите достигнувања.

Неговиот приватен живот со години е во фокусот на вниманието на јавноста, благодарение на ексцентричниот стил, неговите два брака, од кои едниот е неговиот сегашен брак со мажот со кој имаат две деца, како и контроверзиите кои го следеа низ годините.

Во продолжение прочитајте интересни факти за неговиот живот кои веројатно не сте ги знаеле:

Неговото вистинско име e Реџиналд Кенет Двајт, а со името по кое е познат сакал да оддаде почит на пејачот Лонг Џон Болдри и саксофонистот Елтон Дин

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-04.jpg

Уште од мал бил талентиран и добил стипендија за младинска програма на Кралската академија за музика во Лондон, но бил мрзелив и бегал од часови

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-0.jpg

Самиот се научил да свири пијано, без ничија помош и уште од 3-годишна возраст повторувал свирења „по слух“

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-02.jpg

Близок е до кралското семејство, има добиено официјална титула Сер Елтон Џон, a кралицата неколкупати му има дадено заслуги за разни достигнувања во музиката и борбата за хуманоста

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-06.jpg

Беше близок со принцезата Дијана, а кога таа загина тој ја изведуваше неговата Candle In The Wind на погребот

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-07.jpg
izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-08.jpg

Се оженил со жена затоа што бил во депресија и му било смачено од момци кои го повредувале неколкупати

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-05.jpg

Сега е во брак со Дејвид Фурниш со кој има две деца

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-12.jpg
izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-13.jpg

Големата колекција на пијана во најголем дел му е именувана по познати женски пејачки, како Арета Френклин и Нина Сајмон

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-09.jpg

Опседнат е со откачени очила и поседува колекција од илјадници такви

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-9.jpg

Има добиено огромен број на награди за своите музички достигнувања, а го има на неколку патеки на славните

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-10.jpg

Во младоста се борел со зависноста од дрога, за која вели дека му ја уништила душата и е среќен што со децении е „чист“

49259.jpg

Борец е за човековите права, вклучен е во голем број хуманитарни организации, а посебно се залага во оние за ХИВ и СИДА

Посебно во 80-ите години, тој имал можност да види многу пријатели кои страдаат од ХИВ и го изгубиле животот од СИДА и тогаш не можел да направи ништо, но сега има своја фондација, се залага за тоа овој вирус и болест да не бидат табу тема, ја поткрева свеста кај луѓето за тестирање на ХИВ и се бори за поддршка, лекување и спасување на човечки животи. 

Тој има за цел да се надмине стигмата и омразата и да се стави крај на епидемијата од СИДА до 2030-та, а на Светскиот ден на СИДА (1 декември), тој повторно упати апел за тестирање на ХИВ и порача да не се дозволи да се занемари ова заради ковид пандемијата.

izgubil-mnogu-prijateli-od-sida-zavisnost-od-droga-vo-mladosta-fakti-za-elton-djon-koi-ne-ste-gi-znaele-11.jpg
You might also like
Menu