Норилск, најсеверниот град во Русија, е волшебен после 5-дневната снежна бура (фото)

Кон крајот на ноември, најсеверниот град во Русија – Норилск – го зафатила снежна бура која траела скоро цела недела. Во тој период, во градот наврнало снег колку за два месеци.

norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-01.jpg

Норилск е најсеверниот град во Русија и е сместен над арктичкиот круг. Овој индустриски град е и еден од најстудените – просечната температура е -10 степени, а кога ќе настапи поларната ноќ, која обично почнува на крајот од ноември и трае околу 45 денови, температурите се спуштаат и до -55 степени Целзиусови.

Неодамна, градот се соочи со снежна бура каква што не била видена со години. Имено, според руските медиуми, за околу 5 дена, во градот наврнало снег колку за два месеци.

Од фотографиите што почнаа да ги споделуваат жителите на градот се гледа дека нивните автомобили, но и влезни врати се целосно покриени од снежната покривка.

Како снегот да не бил доволен, жителите морале да се справуваат и со силните ветришта кои достигнувале брзина до 20-тина метри во секунда.

Сепак, жителите на Норилск се подготвени и за најсуровите временски непогоди, па се чини дека повеќето уживале во волшебната глетка што им ја приредила бурата.

Во продолжение погледнете дел од најдобрите фотографии што се споделени од жителите на Норилск:

norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-02.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-03.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-04.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-05.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-06.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-07.jpg
norilsk-najseverniot-grad-vo-rusija-izgleda-volshebno-posle-5-dnevnata-snezhna-bura-foto-08.jpg
You might also like
Menu