Се роди девојче од ембрион смрзнат пред 27 години – „Ни го промени животот“

Прекрасно девојче од 3 килограми се роди од ембрион смрзнат пред 27 години – ова е историски момент и доказ за развојот на медицината и технологијата.

se-rodi-devojche-od-embrion-smrznat-pred-27-godini-01.jpg

Тина Гибсон ја родила Моли Еверт Гибсон на 26-ти октомври во Тенеси. Тина и нејзиниот сопруг избрале ембрион од каталог со донори, а таа имала само една година кога во 1992 година бил смрзнат ембрионот од кој се родила Моли,

Ова е историски момент затоа што е ембрион кој бил смрзнат најдолго време пред да се направи трансфер во матката на Тина.

se-rodi-devojche-od-embrion-smrznat-pred-27-godini-03.jpg

Моли го победи рекордот на нејзината сестра, која се родила во 2017 година од ембрион смрзнат 24 години, кој исто така бил трансфериран во матката на Тина.

se-rodi-devojche-od-embrion-smrznat-pred-27-godini-04.jpg

Ембрионите од кои се родиле Моли и Ема биле смрзнати на ист ден, односно 14 октомври 1992 година, и девојчињата денес имаат комплетно генетско совпаѓање како сестри.

Ембрионите биле смрзнати во „National Embryo Donation Center“ во Тенеси, а Тина и нејзиниот сопруг избрале од каталогот на донори. Oвој случај е доказ за напредокот на медицината и технологијата.

Тина и нејзиниот сопруг долги години се бореле со неплодноста, а посвојувањето ембриони и напредокот на медицината им помогнал да си ги остварат своите соништа.

„Посвојувањето ембриони ни го промени животот. Ема знае што значи зборот ембрион, тоа е чест поим во нашиот дом и нашите ќерки ќе ја знаат нивната животна приказна.“ – изјавила мајката.

se-rodi-devojche-od-embrion-smrznat-pred-27-godini-02.jpg
Слични Вести
Menu