Ти направи сè што можеш, а остатокот препушти му го на судбината – вака велат Јапонците.Тие отсекогаш биле паметен народ. Не трошат многу зборови, но она што ќе го кажат е зачудувачки прецизно и точно. Уверете се и сами од ова што ќе го прочитате, а се дел од јапонската филозофија на живот и нивни древни мудрости. Тие велат
-Секогаш тргај им се од патот на будалите и лудите.
-Седум пати провери пред да започнеш да се сомневаш во некого.
-Претераната искреност најчесто се граничи со глупавост.
Јапонците не сакаат да се препуштаат на грижите. Тие потенцираат
-Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме за него. Ако не може да се реши, грижата е бескорисна.
-Богатството секогаш доаѓа во куќа полна со смеа.
-Дури и мајмуните можат да паднат од дрво.
–-Секое долго патување секогаш започнува со еден краток чекор.
-Најдлабоките реки течат тивко.
Имаат малку пријатели, но вистински. Велат вака:
-Подобро е да си непријател на добар, отколку пријател на лош човек.
-Дури и да ни затреба еднаш во животот, мечот треба секогаш да го имаш при себе.
-Убавите цветови не даваат слатки плодови.
-Никогаш никој не се сопнал лежејќи во кревет.