Кучињата се интелигентни животни и знаат кога ќе направат нешто што не треба. Затоа, пак, нивните изрази откако ќе направат неред или ќе украдат нешто се навистина смешни – некои го избегнуваат погледот на сопствениците, некои „глумат“ дека се изненадени, а некои се обидуваат да ја избегнат казната со нивниот сладок поглед.

Бидејќи секој што чува куче се нашол во барем една ваква ситуација, на една Facebook група корисниците направиле предизвик – #GuiltyDogChallenge – и со хаштагот споделуваат фотографии од нивните (виновни) кучиња кои направиле нешто што не треба.
Во продолжение можете да погледнете дел од најсмешните фотографии:
„Направив торта за роденденот на мајка ми и ја оставив во кујната на само две минути. Кога се вратив имаше само трошки“

„Фотографија од 2018 – направив три векни леб, а на крај останав со помалку од две“

„Кога го видов помислив дека се повредил, но набрзо фатив дека го нашол мојот црвен кармин“

„Излегов да ставам гориво во автомобилот, а кога се вратив ми го немаше парчето пица“

„Фала многу, Харпер“

„Јас изедов едно парче, а Нина изеде седум“


„Уште не знам каде се рацете и нозете на куклата“

„Еве што прави Луна додека сум на работа“

„Со сопругот две недели ја редевме сложувалката. Изгледа никогаш нема да ја завршиме“

„За Гиџет, вратата од спалната е играчка“

„Секојпат кога моето куче ќе направи нешто лошо, застанува вака“
