Како да подготвите високо притеински појадок ? !

Ви препорачуваме да пробате мексиканско хоризо: колбас од мелено свинско месо, кој е многу зачинет, со лук, црвен пипер и пиперки чили. Содржи околу 17 грама протеини во порција од 120 грама.

Состојки:

Маслиново масло,
1 зачинет лут колбас хоризо,
450гр компири исечени на коцки
Црн грав 200гр
спанаќ, 120гр
10 изматени јајца
Зачинето сирење 100 гр,
неколку лсија рендан Коријандер

Метод на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 190 ° C. Во сад (тепсија или тава ) загрејте го маслото и варете го хоризо колбасот за неколку минути. Додадете компири и варете 10 минути мешајќи додека не почнат да ја мануваат бојат.
  2. Додадете ги гравот и спанаќот. Кога спанаќот ќе омекне, тргнете го од оган и зачинете го со сол и црн пипер.
  3. Додадете ги јајцата. Ставете и сирење, а потоа печете го во рерна, поркиено со капак или огноотпорна хартија – ова треба да трае 10-15 минути. Извадете го од рерната и оставете го печеното јајце да се олади малку пред да го исечете и послужите, прелиено со коријандер и многу лут сос.


You might also like
Menu