Свадба на годината: невестата позитивна на Ковид 19, венчавка во стилот на Ромео и Јулија

Двојка од Калифорнија не дозволи нивната венчавка да биде спречена од ништо, дури ни затоа што невестата била позитивна на Ковид 19.

Лорен Хименез (29) и Патрик Делгадо (27) требало да го кажат судбоносно „да“ на 20 ноември, но неколку дена претходно Лорен добилаа тест дека е позитивна на коронавирусот Тие претходно се обиделе да закажат свадба, но секогаш нешто ги попречувало.

Но, наместо да го откажат својот голем ден по четврти пат, решиле да разменат брачни завети по секоја цена. Тие тоа го сториле во стилот на Ромео и Јулија, на отворено – Лорен била на прозорот на нејзината спална соба, а Патрик на тротоарот.

Бидејќи младенците не можеле да застанат еден покрај друг, ниту да се бакнат кога матичарот рекол дека бракот е склучен, тие заветот го дале со долга бела лента како симбол на единство, љубов и физички допир,  

Слични Вести
Menu