ТРИК: како обувките да не ви пропуштаат вода

Дождот секогаш умее да изненади. Ви се случило некогаш да излезете со патики или други платнени чевли кои пропуштаат вода, па кога одеднаш ќе заврне, нозете ви пливаат во нив. За да не ви се случи ова, и да ги направите дури и платнените чевли водоотпорни, направете го овој едноставен трик.

Речиси секоја обувка ќе стане отпорна на вода и стопен снег ако ставите пчелин восок, но ако го немате, ќе ви служи и обична свеќа. Се што треба да направите е да втриете свеќа на чевлите така што на нив да остане бел слој. Потоа стопете го со фен за коса вклучен на највисока температура. Овој трик можете да го употребите на сите видови чевли, а со негова помош тие нема да пропуштат ниту капка вода.

Почекајте неколку минути и чевлите ќе бидат подготвени за одење под дожд или снег. Восокот треба да ги заштити кожните чевли од вода, исто и оние од антилот, но и тие од платно.

Слични Вести
Menu