Нејзината коса се влече по подот и е навистина тешка за одржување, но Алона смета дека токму во неа се крие нејзината моќ.

Алона Ануфриева (31) од Украина е адвокатка и мајка на едно дете, која од 12-годишна возраст е посветена на растењето на нејзината коса.

Косата ѝ е долга неверојатни 1.8 метри и таа важи за Рапунзел од реалноста. Така и се потпишува на Инстаграм, каде има 11.000 следбеници.

Aлона вели дека троши по речиси 80 евра месечно на продукти за нега на косата.

„Мислам дека моќта на жената е во нејзината коса и ми се допаѓа кога косата е толку долга како мојата“, вели таа.

Вели дека поголемиот дел од коментарите за нејзината коса се позитивни.

