Што се случи со розовиот комплет на Жаклин Кенеди?

Кога на Џон Кенеди му бил извршен атентат, крвта го испрскала розовиот комплет кој го носела неговата сопруга Жаклин Кенеди.

shto-se-sluchi-so-rozoviot-komplet-na-zaklin-kenedi-03.png

22-ри ноември, 1963-та година, влезе во историјата како еден од најтажните датуми, но она што неговата сопруга го носеше во трагичниот момент исто така влезе во историјата на модата.

Жаклин Кенеди уште тогаш била сметана за модна икона, па никој не беше изненаден што и на тој ден била беспрекорно облечена. Но, она што е интересно е што токму овој костим стана нејзин симбол за отпор.

По атентатот, одбивала да го соблече цели 24 часа, иако бил со траги од крв.

shto-se-sluchi-so-rozoviot-komplet-na-zaklin-kenedi-02.jpg

Приказната за розовиот комплет падна во краток заборав кога се премажи за Аристотел Оназис, но оние кои упорно се прашуваа што се случи со него, откриено е дека:

Мајката на Жаклин го ставила комплетот во кутија, во истиот момент кога таа го соблекла од себе. На кутијата го запишала датумот – 22.11.1963 и ја оставила во таванот на куќата каде живеела.

Години подоцна, ќерката на Жаклин и Џон Кенеди го нашла комплетот кој никогаш не е испран и исчистен, па го донирала во Националната архива. Тоа се случило во 2003-та, 9 години по смртта на нејзината мајка.

При предавањето на пакетот, имала само еден услов.

Прочуениот Chanel комплет во розе боја, чија реплика многу славни дами досега ја износеа доствоинствено, не смее да се прикажува во јавноста под никакви околности, до 2103-та година.

Причините за овој услов се непознати, а забраната и понатаму трае.

shto-se-sluchi-so-rozoviot-komplet-na-zaklin-kenedi-01.jpg
You might also like
Menu