Малкумина се оние што за време на новогодишниот период не го изгледале барем 2 пати филмскиот класик „Сам дома“, кој поради својата популарност уште во 90тите кога е снимен, доби неколку продолженија. Годинава, заради пандемијата со Ковид 19, се чини сите ние ќе бидеме во главната улога и новогодишната ноќ ќе ја дочекаме дома.

Пред неколку месеци, актерката Кетрин О’Хара која во филмот ја играше мајката на главниот јунак ја рекреираше познатата сцена од филмот кога сфаќа дека го заборавила Кевин, и таа снимка сега е хит на сите социјални мрежи. Само на ТикТок забележани се околу 5 милиони прегледи, но и на другите социјални мрежи е вирална. Очигледно, сите сме свесни дека наместо римејк, филмот ќе го гледаме во живо дома и сите ќе сме во главна улога.
