Повеќето луѓе мораат да погледнат нагоре кога ќе се сретнат со Ентони Џошуа. Со оглед на тоа дека тој е висок 198 цм.
Она што е изненадувачки, е тоа што за разлика од многуте моментални конкуренти на Џошуа во тешка категорија, тој е исто така еден од највитките ( најслабите ) мажи во негова категорија.
Очигледно е дека мускулестата фигура на Џошуа не е целосно направена во теретана или во боксерски ринг, барем дел е направен во кујната.
Антони во разговор за „Mens Health“ разговараше за тоа како се храни, и за африканското готвење на неговата мајка.
ПОЈАДОКОТ НА АНТОНИ ЏОШУА
дЕНОТ ПОЧНУВА СО ВОДА И ПРОТЕИНСКА ХРАНА

Откако ќе се разбуди, Џошуа вели дека денот го започнува со чаша вода. Ако се земе предвид дека тој е боксер и дека неговата работа бара од него да зададе удари и да постигне нокаут, ова има смисла. Според студијата објавена во британското списание „Спортска медицина“, намалувањето на телесната вода „се чини дека постојано ја ослабува силата (приближно за два проценти), моќноста (приближно за три проценти) и издржливоста со висок интензитет (за приближно 10 проценти), што укажува на промените во вкупната вода во телото влијаат на некој аспект на генерирање на сила “.
Откако ја испи чашата со вода, Џошуа потоа се префрли на парче овошје, кое е полно со витамини, минерали, влакна, антиоксиданти и многу други хранливи материи и е уште еден паметен избор за почеток на денот.
„Тогаш имам каша или нешто слично“, вели Џошуа. Слично на овошјето, овесот е преполн со витамини, минерали и растителни влакна. Тие исто така обезбедуваат дополнителен импакт за секој што има потреба од енергија во текот на денот. „Едена чинија од овие намирници на еден час пред вежбање обезбедува нивоата на шеќер во крвта да остане стабилно низ тренингот, притоа обезбедувајќи доволно енергија“, вели уредничката на БиБиСи за храна, Роксана Фишер.
РУЧЕКОТ НА ЏОШУА
ЛОСОС И МНОГУ ЗЕЛЕНЧУК

Некој со телесна маса како на Џошуа не се задоволува само со вода, овошје и овес, па затоа на ручекот мора да е пообемен.
„ Имам див ориз, лосос и многу зеленчук“, изјави Зошуа за „МН“ за МХ.
Лососот е паметен избор на Џошуа. Рибата обезбедува изобилство на протеини, но далеку помалку содржи заситени масти. Студија од 2007 година објавена во „Сајенс директен“, поврзанА е јадење лосос објаснува дека таа риба резултирала со големо намалување на крвниот притисок, ЛДЛ холестерол (АКА лош холестерол) и 25% намалување на ризикот од корорнарна срцева болест.
Како и овошјето, зеленчукот е полн со витамини, минерали и други важни хранливи материи кои помагаат во одржување на вашето тело здраво и правилно функционирање, а Џошуа јаде многу од зеленчук.
ВЕЧЕРАТА НА АНТОНИ ЏОШУА Џошуа ќе вечера храна од менито на африканското готвење на неговата мајка.

Во интервју за нигериската „Оак ТВ“, Џошуа наброја серија нигериски јадења како удрен јам, еба и егуси. Јасно е дека тој не верува во целосна промена на целата своја диета во полн план, докажувајќи дека храната што ви е позната исто така може да се вметне во балансирана, функционална диета.
Фото: Инстаграм Антони Џошуа