Грин Бенк се наоѓа во американската држава Западна Вирџинија и на прв поглед е обичен мал град на Апалачките планини. Но впечатокот се менува по само неколку минути таму.. Во овој град, кој има само 145 жители, мобилните телефони се забранети, безжичниот интернет не е достапен, а на радио може да се слушне само шум. Практично, луѓето живеат во технолошки вакум, што на повеќето луѓе во светот им е незамислива. Но, еве ја и причината
Грин Бенк се наоѓа во Зона на тишината на националното радио, област со површина од 33,7 илјади квадратни километри, во која е забранета радио-трансмисија. Зоната е воспоставена за да се избегне електромагнетната интерефенција од блискиот најголем светски радио-телескоп кој е издигнат над околината. Телескопот на Грин Бенк (GBT) „Robert C. Bird” е висок 152 метри со чинија голема како фудбалски терен и уште останува место за трибини. Џеј Локман од Националната радио-астрономска опсерваторија вели дека телескопот се користи за проучување на многу работи, вклучувајќи и барање на живот во вселената.
Со оглед на тоа дека многу сигнали од вселената главно се многу слаби, животот околу телескопот мора да биде многу тивок. Тоа објаснува зошто луѓето во тој град не можат да користат некои секојдневни работи на современите општества.

Жителите велат дека патниците обично се нервираат кога доаѓаат во тој град, бидејќи мобилните телефони немаат мрежно покривање.
Меѓутоа, локалното население е целосно задоволно од тоа како стојат работите. Некои луѓе се доселиле во Грин Бенк токму затоа што тука можат да уживаат во звуците на природата и сопствените мисли.
Но, не грижете се, ако случајно залутате во овој град каде нема мрежно покривање и не ќе можете да го користите својот мобилен,ќе ви дадат да се послужите со фиксен телефон. Или можете да користите телефонска говорница, една од последните во таа држава. Од говорница може да се јавите на опсерваторијата и да ги прашате дали до сега им се јавил I-Ti.