Зошто невестата секогаш е од левата страна на младоженецот?

Оваа традиција датира  од 16 век и се задржала до денес , дури и на кралските венчавки, како онаа на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам од Англија.

Традицијата започнала во време кога браковите биле договорени, а киднапирањето било честа работа на свадбите. Поради тоа младоженецот секогаш морал да биде претпазлив, па невестата се наоѓала од левата страна затоа што мечот се носи во десната рака. Во случај семејството на невестата да се соберело за да ја ослободи девојката, младоженецот би морал веднаш да го зграби својот меч и да се брани себеси и својата невеста. Незамисливо за мнозинството современи младоженци, но и невести исто така.  Не е познато дали леваците од 16 век морале да го почитуваат оваа правило без оглед што не им  одговарало.

You might also like
Menu