7 одлики на себичниот партнер

Дали се сомневате дека сте себични или сте одбрале себичен партнер?

7-odliki-na-sebicniot-partner-001.jpg

Партнерството би требало да биде тимска работа, влог од 50/50, но сепак, себичноста некогаш предоцна ја детектираме.

Кои се одликите на себичните партнери?

1. Себичниот партнер секогаш смета дека другиот греши. Мислите постојано им се со нарцисоиден карактер.

2. Планираат без да го вклучат другиот партнер. Сметаат дека другиот секогаш безрезервно треба да се прилагоди на нив.

3. Не прашуваат за туѓите потреби. Никогаш не знаат и не се трудат да дознаат дали партнерот има потреба од подобра работа, подобри пријатели, дали има семејни или финансиски грижи…

4. Константно се закануваат дека ќе си заминат ако не е по нивно. За нив не постои компромис и се користат со манипулации.

5. Очекуваат партнерот да ги сослуша, но не го нудат истото за возврат. Одбиваат да ги слушаат туѓите совети и идеи, бидејќи не ги ценат доволно.

6. Критичари се за секакви ситници. Ништо не ги прави среќни и постојано се незадоволни од нешто, па затоа се полни со критики.

7. Ја злоупотребуваат интимноста. Односно, повторно ја користат како манипулација зависно од тоа дали ќе биде по нивно или не, па врз база на тоа гледаат на физичката близина како награда или казна.

You might also like
Menu