„Прв роденден без тато“ – 4-годишната ќерка на Коби Брајант го прослави роденденот

„Среќен 4-ти роденден Бјанка. Те сакаме тооолку многу. Ти носиш сонце во нашите денови. Господ да те благослови наше девојче. Те сакаат мама, тато, Нани, Џиџи и Коко“, напиша 38-годишната Ванеса.

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-01.jpg

Ванеса Брајант направи сѐ што е во нејзина моќ за нејзината ќерка Бјанка на прославата по повод нејзиниот 4-ти роденден да не почувствува празнина.

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-03.jpg

Таа ја опсипува со љубов и се труди да ѝ надомести што покрај неа за роденденот за жал не се нејзиниот татко Коби Брајант и сестра ѝ Џиана.

„Среќен 4-ти роденден Бјанка. Те сакаме тооолку многу. Ти носиш сонце во нашите денови. Господ да те благослови наше девојче. Те сакаат мама, тато, Нани, Џиџи и Коко“, напиша 38-годишната Ванеса на својот приватен Инстаграм профил, а на една од фотографиите со Бјанка напиша: „Близначка на тато“.

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-14.jpgФото: Инстаграм Ванеса Брајант

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-06.jpg
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-04.jpg
Фото: Инстаграм Ванеса Брајант

prv-rodenden-bez-tato-4-godishnata-kjerka-na-kobi-brajant-go-proslavi-rodendenot-05.jpgФото: Инстаграм Ванеса Брајант 

Ванеса го славеше роденденот на Бјанка со 17-годишната ќерка Наталија и бебето Капри, на кое му го прославија првиот роденден во текот на летото и неколку блиски пријатели.

На прославата присуствуваше и пејачката Сијара која ѝ е најголема поддршка на Ванеса по смртта на Коби Брајант и Џиана. Таа и Наталија Брајант објавија фотки на Инстаграм од роденденската прослава.

You might also like
Menu