Зошто понеделниците ги доживуваме толку тешко и трагично?

Од секојдневието, но и од многубројни истражувања кои се спроведуваат секојдневно, можеме да заклучиме дека луѓето се најнесреќни во понеделник.

zosto-ponedelnicite-gi-dozivuvame-tolku-tesko-i-tragicno-01.jpgфото: unsplash.com

Феноменот лежи во неколку клучни објаснувања, велат повеќе истражувачи:

Зошто толку тешко и трагично ги доживуваме понеделниците?

1. Телесниот ритам ни е изместен

Проблемот е во тоа што за викенди спиеме повеќе отколку од понеделник до петок, па така работата на телото се менува. Затоа, во понеделник сме поизморени од минатото утро и тоа го знаеме однапред.

2. Го губиме чувството на слобода

Бидејќи понеделник е натрупан со обврски, а следува по 2 безгрижно поминати денови, ова го доживуваме прилично емотивно.

zosto-ponedelnicite-gi-dozivuvame-tolku-tesko-i-tragicno-02.jpgфото: unsplash.com

3. Не си ја сакаме работата

Сосема очекуваната причина зошто не го сакаме понеделникот е тоа што не си ја сакаме ниту работата, ниту враќањето на дневниот распоред. Секако ова не важи за сите, голем дел си ја работат работата со љубов.

4. Не сме подготвени

Потсвесно, сите се подготвуваат за неуспех во понеделник, но ретко кој се подготвува за успесите и задачите кои новата недела ни ги носи.

5. Нашата култура и општеството ни велат дека треба да ги мразиме понеделниците

Живееме во време кога „Фала Богу што е петок“ е еден од поголемите благослови кои ги изговараме.

6. Слабо ги координираме работата со приватниот живот

Понеделникот посебно тешко им паѓа на луѓето кои постојано работат и не дозволуваат на телото и умот да одморат, односно да се посветат на домашните обврски и саканите.

zosto-ponedelnicite-gi-dozivuvame-tolku-tesko-i-tragicno-03.jpgфото: unsplash.com

7. Не сакаме промени

Понеделниците вклучуваат транзиција од еден тип на ден кон друг тип на ден, па ретко кој сака нешто ново, непознато и променливо.

8. Живееме за викенд

Некој кој 48 часа живее драстично поразлично отколку во остатокот од неделата, секогаш ќе има проблеми со понеделникот и враќањето во „суровата“ реалност.

You might also like
Menu