Сигурно веднаш помисливте на екслузивен хотел или ресторан . Но не, овој пат ве потсетуваме на нешто што треба да го имате, и во кое ќе ја разбиете монотонијата предизвикана од корона кризата. Ако веќе сте дома секоја вечер, тогаш барем бидете со стил, со убави пиџами или ноќници. Дури и без трага од шминка на вашето лице и без совршена фризура, со убава ноќница ќе изгледате отмено, и ќе се чувствувате пријатно, пожелно, во секој случај – убаво. Одберете ја својата омилена боја, почувствувајте траг на луксуз и поминете прекрасна ноќ. И утрото сигурно ќе ви биде такво.
Ви подготвивме мала галерија како инспирација.


