Необично, но вистинито: најпродаваното виски се произведува во место каде што алкохолот е забранет, а мајсторот за тестирање е жена

Брендот Џек Даниелс кој постои цели 150 години век и половина успева да ги изненади луѓето со тоа што создава и споделува интересни приказни.

И покрај тоа што Џек Даниел не е измислен, туку е реален човек што вистински постоел и напорно работел да го оствари својот сон, тој бил и сѐ уште е мит и легенда. Вообичаено, кога се отвора приказна, тоа се прави на самиот почеток, но Даниел никому не ја кажувал сопствената возраст,. Многумина се уверени дека Џек се впуштил во бизнисот со виски на 16-годишна возраст. Кога ја регистрирал, дестилеријата Џек Даниелс станала најстарата официјално впишана дестилерија во САД која што е внесена и во регистарот на историски американски локации.

Можеби звучи изненадувачки, но е целосна вистина: секоја капка на брендот Џек Даниелс е направена, омекната и созреана во место каде што нема продавници за алкохол или барови. Во градот Линчбург, каде што е сместена дестилеријата, како и округот Мур, во државата Тенеси, алкохолот е забранет уште од 1909 година, кога била воведена локалната прохибиција. Неодамнешните промени во законот ѝ овозможуваат на дестилеријата да продава сувенирски шишиња и тестери со виски за време на специјална тура низ локацијата.

Џек Даниелс е единствената голема дестилерија која што самостојно ги изработува своите буриња за созревање на вискито што не е чудно кога се има во вид дека бурето не е само резервоар или амбалажа, тоа е значајна состојка во процесот на произведување квалитетно виски.

You might also like
Menu