Во мрежа на социјалните мрежи: преку “Фејсбук” и ”Твитер може да се дознае се за вашиот живот, дури и ако немате свој профил

„Фејсбук“ и „Твитер“ можат да се искористат за да се откријат голем број работи за вашиот приватен живот – дури и ако никогаш не сте ги користеле, покажува ново истражување.Можно е да се предвидат работите што би можеле да ги кажете само ако се фрли поглед на луѓето со кои се дружите. Истражувањето ја поткопува идејата дека личниот избор е централен дел од приватноста и дека е можно самостојно да ги прекинете сите следења и собирања на податоци од страна на социјалните мрежи.

Во истражувањето научници од Универзитетот во Вермонт и од Универзитетот во Аделаида анализирале повеќе од 30 милиони јавни постови од 13.905 корисници. Дури и ако личноста ја напуштила социјалната мрежа или никогаш не се придружила, истражувачите можат да го претпостават идното објавување или активности со 95 отсто точност. Ова значи дека логирањето на одредена социјална мрежа како „Фејсбук“ значи дека давате податоци и за вашите пријатели, предупредува истражувањето.

– Нема место каде што би можеле да се скриете во социјална мрежа – вели Луис Миче, коавтор на истражувањето.
Истражувачите всушност покажале дека постои математичка горна граница за тоа колку предвидливи информации за една личност може да има на социјална мрежа. Но, не е важно дали таа информација е доставена од личноста што е профилирана или од некој друг.
– Вие не ја контролирате вашата приватност на социјалните медиуми. И вашите пријатели имаат удел – вели професорот Џим Багроу.




Слични Вести
Menu