Во Кина почнуваат плаќањата со дигитална валута

Во трансакциите меѓу клинети во Кина се воведува плаќањето со дигитален јуан, откако кинеската компанија ЏД.ком објави дека стана првата мрежна платформа што прифаќа плаќања во националната крипто валута

Како дел од промоцијата на дигиталниот јуан, компаниите ќе организираат наградна игра со „грепки” „ЏД Дигитс” на социјалната мрежа Вичат (WeChat), во која на среќните добитници ќе им се поделат вкупно 20 милиони јуани (три милиона американски долари), пренесе телевизијата Си-Ен-Би-Си.Преку оваа апликација, добитниците ќе добијат таканаречен „црвен пакет” што содржи максимум 200 дигитални јуани, а победниците со нив ќе можат да пазарат на мрежата ЏД.ком. Планирано е во цела Кина да бидат поделени 100.000 црвени пакети.

Дигиталниот јуан го контролира и издава Народната банка на Кина, која национална виртуелна валута ја разви како дел од проектот „Електронско плаќање со дигитална валута” (DCEP), на чиј развој и подобрување се уште е многу ангажирана.

You might also like
Menu