Таа не глуми како другите познати дами дека само неколку месеци по породувањето изгледа совршено и со видео откри дека носи мидер под гламурозните стајлинзи.

Кети Пери во август доби ќерка со свршеникот Орландо Блум, а сега, неколку месеци по породувањето, покажа какви трикови користи за да изгледа совршено.
Пејачката ја откри вистината зад гламурозните изданија на кои изгледа полна со самодоверба. Таа сними видео на кое покажува дека под синиот мантил носи мидер и дека ги има маките како и сите „обични“ жени.

36-годишната Пери и за време на бременоста изгледаше сосема природна и не се трудеше да креира лажна слика за медиумите, како што прават голем дел од познатите дами.