Дури и најмалите дечиња во ова сибирско село одат на училиште најнормално сѐ додека температурата не падне под -52°C.

Во најстуденото место на светот Ојмјакон, зафрлено сибирско село, периодов има температури од околу -50°C. Температура која е нормално за месец декември во ова село.
Според локалните жители најниска измерена температура во Ојмјакон е во 1933 година, кога биле измерени минус 67.7 Целзиусови степени.
Инаку, периодов иако температурата е -50°C децата нормално си одат на училиште. Само за децата на возраст од 7 до 12 години се откажуваат часовите кога температурата ќе падне под -52°C.
Во селото живеат околу 500 луѓе и ова е најстуденото населено место на светот заедно со градот Јакутск.