На граѓаните на Лихтенштајн им требаат само три работни дена за да можат да го набават посакуваниот мобилен, додека граѓаните од Северна Македонија треба да работат во просек 76 дена за да го купат, нешто помалку од граѓаните на Молдавија, кои се последни на списокот од истражувањето. Во Молдавија, луѓето треба да работат во просек 85 дена за нов Ајфо,. Ова е резултатот од истражувањето што го спроведе Интернет порталот Веривокс, пренесува Дојче Веле.

Она што изненадува е што овие уреди се поскапи во некои „сиромашни“ земји отколку во „богатите“. Додека во Германија Ајфон 12 чини 876 евра, неговата цена во Северна Македонија е 1.061 евра..
Пресметката на таканаречениот индекс на Ајфон е едноставна, а резултатите се изненадувачки. Цената на најновиот модел на Ајфон 12 се споредува со националниот бруто приход. На потрошувачите во Германија им треба просечно осум работни дена за да заработат за сегашниот Ајфон 12 со 64 гигабајти меморија.