Тие се најбогати жени во светот

Во светот има 1810 милијардери, но само 190 од нив се жени – покажува годинешната листа на најбогатите луѓе на планетата, рангирани според „Forbes“.

На врвот од жените милјардери е Алис Волтон, чие богатство веќе е 32.3 милијарди долари, или 7,1 милијарди долари помалку од пред една година, што се должи главно на поевтинувањето на исправите на Wal-Mart. Алис Волтон не е посветена на управувањето на најголемиот синџир за трговија на мало во светот, наместо тоа се фокусира во колекционирање на уметнички дела, како и добротворни цели. Живее во Тексас опкружена со своите коњи и вредна уметничка колекција, а поголемите хуманитарни донации не и се познати на јавноста.Алис има 67 години и 55 милијарди долари на своја сметка.

Втора е Сузан Клатен која, поседува значителен дел од компанијата БМВ, што ја поседува нејзиниот татко. Таа има 55 години и 22,5 милијарди долари на своите сметки.
На третото место, најбогати жени во светот за 2020, е Лорен Пауел Џобс – вдовицата на славниот основач на Епл – Стив Џобс. Лорен има 53 години и 20 милијарди долари на своја сметка.
Вдовица и наследничка на сопруг Андронико Лукшиќ Абароа, Ирис Фонтбона е на 4-то место. Ирисима 74 години и 13,7 милијарди долари.
Кристи Волтон, вдовица на наследникот на сиџирот Волмарт е на 5-то место. Кристи има 68 години и 6,1 милијарди долари на своите сметки.

Слични Вести
Menu