На овие острови нема ресторани за брза храна, криминал, затвори и семафори, но има – долг животен век

Фарските Острови можеби им се малку познати на многумина, но оваа прекрасна територија што го одзема здивот навистина вреди да се посети.

Како дел од Данска, Фарските Острови се наоѓаат помеѓу Исланд и Норвешка. Сите острови се населени освен еден, Литла Димун. Популацијата на архипелагот на 18 острови е само 50.000 и тие се од 80 различни националности.

Благодарение на туристичката кампања лансирана од „Посетете ги Фарските Острови“, туризмот сега е во пораст.

Многу домови имаат покриви од трева

На Фарските Острови врне дожд околу 300 дена од годината. Покривите од трева ги штитат домовите и обезбедуваат добра изолација.
Благодарение на силниот ветер и честите жаришта, на Фарските Острови има малку дрвја.
..
Речиси нема ресторани за брза храна

На Островите има само два ресторани за брза храна: „Бургер кинг“ и „Сансет булевар“. И двата се наоѓаат во главниот град Торсхавн.

Внимание, слободни дами!

На островот има 19.988 мажи над 18 години, а само 18.502 жени. Јазот се должи на тоа што многу жени заминуваат во странство за образование и потоа не се враќаат дома. За да компензираат, мажите почнале да бараат љубов на друго место, преку интернет. Многу жени од Тајланд и Филипините прифатиле романса на далечина и можен нов живот на Островите иако драстично се разликуваат и климата и културата. Денес, повеќе од 300 жени од Тајланд и Филипините живеат на Фарските Острови.

Има повеќе овци од луѓе

Фарските Острови имаат некаде околу 50.000 луѓе, но 70.000 овци. Овците се корисен начин за одржување на тревата.

Не се потребни затвори

На Фарските Острови има толку малку криминал, што тие немаат затвор. Што се случува ако некој го прекрши законот? Во случај некој да биде осуден, има затвор со 12 ќелии на Стрејмој, најголемиот остров на архипелагот. Но, тука можат да останат само ненасилните сторители кои издржуваат казни од 18 месеци или помалку. Секој што ќе направи сериозно кривично дело или има подолга казна е испратен во затвор во Данска.Само три семафори

Сите три семафори се наоѓаат во главниот град, каде што живеат околу 21.000 луѓе и речиси половина од вкупното население на архипелагот.

Висок наталитет

За разлика од останатиот дел од Европа, Фарските Острови имаат висока стапка на наталитет На децата им е дадена слобода да истражуваат самостојно, веројатно поради ниската стапка на криминал и силната култура во семејството. Висока е и стапката на животниот век – 79,9 години за мажите и 84,4 години за жените.

You might also like
Menu