Дрогата на шаманите ДМТ ќе се тестира како лек за депресија

ДМТ има халуциноген состав, поради што овој психоделик се нарекува „духовен молекул“, бидејќи силно ја изменува свеста и предизвикува „трипови“. Важи и за една од главните состојки на ајахуаската, јужноамериканскиот напиток што го користат шаманите во нивните ритуали.
Дрогата предизвикува халуцинации и промени на чувството за време, простор и звук, но овие ефекти се значително пократки во споредба со другите психоделични дроги, како што се ЛСД и магичните печурки, чии ефекти не запираат дури и по неколку часа, се додава во текстот на „Индепендент“.

Регулаторно тело на Велика Британија даде зелено светло за клинички тестирања на диметилтриптамин (ДМТ), со цел да се утврди дали оваа психоделична дрога е ефикасна во лекувањето на луѓе кои страдаат од депресија, објави „Индипендент“.

Тестовите ќе ги води Центарот за психоделични истражувања во Кралскиот колеџ во Лондон, во соработка со компанијата „Смол фармa“, која ја опиша дозволата за тестирање како вистинска пресвртница во лекувањето на депресијата Имено, ова е . прва студија од ваков вид.

Неврофармацевтската компанија „Смол фарма“ се надева дека тестовите ќе го променат мислењето на јавноста за супстанцијата, која како што велат, е жигосана, бидејќи сега луѓето ќе можат да видат дека истата е корисна и за медицината.

Слични Вести
Menu