Досега сме ги гледале сите заедно само на семејни фотки, а сега принцот Вилијам и Кејт изненадно се појавија со трите деца на црвен тепих, на празничен настан.

Кембриџ семејството дебитираше на црвениот тепих – децата на Кејт и Вилијам изгледаат прекрасно!
Принцот Џорџ е вистински дечко, принцезата Шарлот е прекрасна како и секогаш, а принцот Луи веќе не е малечкото бебе од фотките кои ги помниме.
На празнична претстава, настан за пантомима, кој беше одржан со цел да се искаже благодарност кон работниците кои се во првите борбени редови во оваа корона криза, Кејт и Вилијам ги изненадија сите со неочекуваното појавување со нивните деца, за првпат на ваков настан.
Кејт е елегантна дама во фустан од Alessandra Rich, принцот Вилијам ја направил комбинацијата „празнична“ со црвен џемпер, а нивните деца се како принцови и принцези од бајките.
Повеќе фотки од настанот:
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

