„Гарден фокача“ – неодолива погача со декоративен изглед, од која ќе барате парче повеќе

Доколку ви се наоѓаат остатоци од зеленчук во фрижидерот, ви предлагаме вкусно гастрономско решение – да ги употребите во оваа вкусна гарден фокача. Освен што мами со изгледот, вкусот е неверојатен, а креативноста може да ја пуштите на најсилно кога станува збор за подредувањето на зеленчукот.

Garden-fokacha-so-zelencuk-01.jpg

Може да искористите маслинки, тиквички, магдонос, моркови, домати… изборот е огромен. Најубаво се јаде додека е топла, а еве како да ја направите, идеална за појадок или вечера:

Потребни состојки:

  • 450g брашно
  • 1 лажичка сол
  • 8 g сув квасец
  • 130 ml ладно цедено маслиново масло
  • околу 400 ml вода
  • *зеленчук по избор

Начин на подготовка:

  • Ставете го брашното во подлабок сад и измешајте го со солта и сувиот квасец. 
  • Направете дупка во средината и додадете 100 ml маслиново масло + 300 ml вода.
  • Помешајте и доддадете уште вода (околу 100 ml) додека не добиете многу меко, но не премногу лепливо тесто.
  • Месете додека тестото не стане меко и еластично, околу 10-12 минути е потребното време за рачна обработка.
  • Оставете го тестото да „одмори“ добро покриено околу 1 час и 30 минути.
  • Потоа префрлете го тестото во плех за печење и лесно растегнете го со рацете.
  • Премачкајте го со маслиново масло и оставете го да кисне уште 1 час.
  • Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C.
  • Со прстите втиснете дупчиња во тестото и започнете да го украсувате со исечканиот зеленчук.
  • Помешајте ги преостанатите 30 ml масло и околу 30 ml вода па истурете ја течноста врз фокачата. По желба додатно посолете ја.
  • Печете ја фокачата околу 30 минути или додека не добие златна боја.
Garden-fokacha-so-zelencuk-02.jpg
Слични Вести
Menu