Љубовниот статус не ја одредува вашата вредност – Потсетници за девојките кои немале сериозна врска

Врските, особено сериозните, можат да бидат навистина комплицирани. Мора секогаш да ги земате предвид чувствата и желбите на партнерот и секогаш да бидете подготвени на компромис.

ljubovniot-status-ne-ja-odreduva-vashata-vrednosti-potsetnici-za-site-devojki-koi-ne-bile-vo-seriozna-vrska-01.jpg

За врската да успее, навистина треба да бидете компатибилни со партнерот, па не е ни чудно што многу луѓе се сингл.

Ако никогаш досега не сте биле во сериозна врска, важно е да знаете дека тоа е сосем во ред, без разлика на вашата возраст.

А, секогаш кога ќе се почувствувате лошо поради тоа, сетете се на овие работи:

1. Вашиот љубовен статус не ја одредува вашата вредност. Не треба да мислите дека вредите помалку само затоа што никогаш сте немале сериозна врска.

Не значи дека немате што да понудите или дека сте личност која никој не може да ја сака. Едноставно, досега не сте ја нашле вистинската личност и тоа е сè.

Немојте да мислите дека нешто не е во ред со вас. Кога ќе бидете подготвени за сериозна врска, вистинската личност ќе се појави.

2. Не испуштате толку многу колку што мислите. Ако имате пријателки во сериозна врска, сигурно настојувате да се споредувате и сметате дека испуштате многу затоа што немате партнер.

Не е важно дали првата сериозна врска ќе ја имате во 20-тите, 30-тите или подоцна во животот. Подобро бидете сингл додека да ја најдете вистинската личност, отколку да бидете во лоша, токсична и несреќна врска само затоа што ви е страв дека ќе испуштите нешто.

Не ви е потребен партнер за да бидете среќни и за да уживате во животот.

ljubovniot-status-ne-ja-odreduva-vashata-vrednosti-potsetnici-za-site-devojki-koi-ne-bile-vo-seriozna-vrska-02.jpg

3. Оние кои ве оставиле и онака не биле добри за вас. Можеби досега ви го скршиле срцето, но подобро што навреме сте се оддалечиле од таа личност.

Оние кои ве повредиле, не ве ни заслужуваат. Вие заслужувате партнер кој ќе ве цени, кој ќе ве сака и кој ќе ве почитува и подобро бидете сингл додека да ја најдете таа личност. Обидете се да сфатите дека сингл статусот не е синоним за несреќа.

4. Колку повеќе време минувате со себе, толку подобро ќе се грижите за себе. Кога сте сингл, минувате повеќе време сами со себе, а токму тоа ви помага подобро да се запознаете.

Истовремено, вие не зависите од никој – можете сами да се грижите за себе, можете сами да ги завршувате сите обврски и немате потреба да се потпирате на некој друг.

Вие сте независни, а бидејќи долго време сте сингл, кога ќе започнете сериозна врска, нема да го изгубите своето јас и ќе знаете што точно очекувате од партнерот.

5. Должината на претходните врски не ја одредува вашата вредност. Само затоа што врските во минатото биле неуспешни, не значи дека проблемот е во вас.

Не треба да ве загрижува тоа што сте се обидувале неколкупати, но сте сфатиле дека таа врска не е за вас. Како што напоменавме, ако некој ве оставил и ве повредил, тогаш тој не е за вас. Затоа бидете трпеливи, уживајте во животот и кога-тогаш ќе се појави и вашата сродна душа.

Слични Вести
Menu