Новата полициска камера за мерење на брзина може да ги фати возачите на оддалеченост од 750 метри.
Полициските сили во Велика Британија се опремени со нов вид пиштол за мерење на брзината што може да ја прочита табличката на возилото оддалеку од 750 метри.. Уредите работат и во текот на денот и во мракот благодарение на новата опција за режим на ноќта. Камерата станува брзо хит меѓу сите светски полиции.
TruCam може автоматски да се фокусира на автомобил што се приближува оддалеку од половина милја, со податоците за возилото што се наоѓаат во базата на податоци, по што се испраќа известување за наплата на казна до регистрираниот сопственик. Ова значи дека полицијата не треба да ги брка и застанува возачите што возеле со голема брзина. „Пиштолите“ TruCam II чинат околу 10.000 евра и имаат и ноќен режим и функција за автоматско фокусирање, пишува „24Ауто.мк“.
Користејќи интегриран ласер, TruCam ги мери времето и растојанието помеѓу возилата. Содржи дигитален фотоапарат што може да собира и чува HD видео докази за прекршок со брзина. Самиот уред е всушност способен да чита таблички од далечина од 1,5 км, но полицијата во Велика Британија ги калибрира на 750 метри, во согласност со толеранциите поставени од Владата на Велика Британија.Наскоро се очекува оваа камера да ја користат и другите полиции во светот, но со оглед на цената на ласерот за мерење на брзина нашите возачи не ќе мораат да се плашат од новиот уред барем уште некоја декада.
Камера за уплав: брзите возачи ќе ги улови од 750 метри оддалеченост
