Постојат неколку работи кои се најголеми непријатели на женското интимно здравје, па ако сте жена која постојано се лечи од габични инфекции, можеби треба да ги промените навиките.
фото: pexels.com
Постојаното враќање и повторување на инфекциите може да доведе до сериозни проблеми, па затоа бидете посебно претпазливи во овие 6 случаи:
1. Колку редовно и често ги менувате тампоните
Тампоните и хигиенските влошки ја задржуваат влагата, па им овозможуваат на инфекциите да се шират и размножуваат. Од клучно значење е да ги менувате на 4 часа или уште почесто, кога е топло.
2. Колку често пиете антибиотици
Доколку земате антибиотици, телото ви е подложно на инфекции. Најдобро е да пиете антибиотци само кога е навистина неопходно, препорачано од лекар, никако на своја рака и со нив да консумирате пробиотици.
3. Колкаво ви е нивото на шеќер во крвта
Габичните инфекции собираат енергија од шеќерот, па доколку не водите контрола за нивото на шеќер во крвта, можеби време е да почнете.
4. Дали имате незаштитени односи
Односот со инфициран партнер е најсигурниот начин да ви се повтори инфекцијата. Затоа, лечењето мора да се одвива во пар.
5. Колку е квалитетна долната облека која ја носите
Тесната долна облека, направена од синтетички влакна, односно нејзиното секојдневно носење, може да ја влоши состојбата со инфекциите.
6. Колку се парфимирани влошките и препаратите за нега
Иако се чини како добра идеја на прв поглед, парфимираните хигиенски производи не се препорачуваат, бидејќи влијаат на киселоста на интимниот дел.