5 години подоцна: Како изгледа денес детенцето кое беше оставено да гладува на улица? (фото)

Пред речиси пет години, светот беше шокиран од фотографијата на која се гледа жена која му дава вода на мало прегладнато дете, кое било оставено да гладува на улица, бидејќи родителите верувале дека е вештер. Сега детенцето живее со жената во топол дом и е посреќно од кога било.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-gladuva-na-ulica-foto01.jpg

Во 2016-та се појави срцепарателна фотографија на која се гледа жена која му дава вода на мало преслабо детенце. Најтажното во целата приказна беше тоа што родителите на момчето и сите луѓе што живееле во близина биле убедени дека детенцето е вештер, па го оставиле на улица.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-02-.jpg

Кога Ања Рингрен, дански социјален работник, сфатила што се случува, веднаш го згрижила малото дете и го крстила Хоуп, што во превод значи „надеж“. Сега, скоро пет години подоцна, Ања уште се грижи за Хоуп, а неговата трансформација е неверојатна.

„И покрај моето искуство, спасувањето на Хоуп беше најемотивната мисија за спасување во која сум учествувала“, изјави Ања неодамна за светските медиуми.

Во 2016 Ања била во Нигерија со нејзиниот сопруг и нејзиниот син кога првпат го видела детенцето. Таа била дел од бројни мисии за спасување и видела сè и сешто, но ништо не ја трогнало како приказната на Хоуп.

Ања и сопругот дознале дека момчето било отфрлено од семејството и целата заедница бидејќи сите верувале дека е вештер. Поради тоа, цели осум месеци детенцето живеело на улица.

„Ми се згади кога видов во каква состојба е“, вели Ања.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-03.jpg

Ања и нејзиниот сопруг буквално му го спасиле животот на детето, а денес тоа е посреќно од кога било. На четвртата годишнина од неговото спасување, во јануари годинава, Ања сподели емотивна објава:

„Мислам дека повеќето луѓе во светот ја виделе или чуле за позната фотографија од мене и Хоуп, каде што јас клечам пред неговото прегладнето и ненахрането тело за да му дадам вода.

Денес не сакам да ја споделувам оваа фотографија. Наместо тоа, сакам да споделам фотографии од Хоуп, како изгледа денес, 4 години после спасувањето. Многу силно, интелигентно, забавно и убаво младо момче кое, и покрај сè, преживеа“.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-05.jpg

Ања нагласува дека ситуацијата во којашто се нашол Хоуп е поради недостатокот од соодветно образование. Поради ова, неговите родители и сите околу него лесно поверувале во суеверието дека едно мало невино момче може да биде вештер.

Истовремено, таа вели дека не го воспитале Хоуп да ги мрази неговите родители. Наместо тоа, нејзината и целта на сопругот им е да ја подигнат свеста за овој проблем и за важноста на образованието.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-10.jpg

Ања, сопругот Дејвид и нивниот тим досега имаат спасено над 100 деца од Африка кои биле обвинети дека се вештери, а 76 од нив живеат во центар каде што имаат можност и за образование.

„Образованието е најсилното оружје против суеверијата“, вели Ања.

Денес Хоуп сака да оди на училиште, сака да црта, да свири и да ја покажува неговата креативност на каков било начин.

5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-06.jpg
5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-07.jpg
5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-08.jpg
5-godini-podocna-kako-izgleda-denes-detenceto-koe-beshe-ostaveno-da-umre-na-ulica-foto-09.jpg
You might also like
Menu