8 знаци дека сте во брак без љубов

Бракот без љубов честопати е исцрпувачки. За жал, многу парови не се ни свесни дека се во ваква заедница.

8-znaci-deka-ste-vo-brak-bez-ljubov-001.jpgфото: freepik.com

Како да препознаете дали е моментална криза или сепак се работи за брак во кој повеќе не постои љубов?

1. Во бракот без љубов е многу тешко да комуницирате љубезно и со внимание. Обично, во него секоја дискусија завршува со кавга.

2. Во бракот без љубов има многу тишина која не значи мир, туку – незаинтересираност.

3. Четири главни карактеристики на бракот без љубов се: критики на сите страни, одбрамбени реакции, исмејување и градење на бариера.

4. Во бракот без љубов сексот повеќе не е ни тема на дискусија.

5. Квалитетно поминатото време повеќе не постои, но истовремено и не ви е грижа за тоа.

6. Честопати и двајцата партнери си ја игнорираат интуицијата.

7. Во бракот во кој повеќе нема љубов, ниту една од страните не презема конкретни чекори за нешто да се промени.

8. Многу често и двајцата партнери си фантазираат колку би им било подобро да се сами.

Слични Вести
Menu