Се разбира, не кај нас, за тоа ќе треба да почекаме уште долго. Но, замислете си градови во кои кога ќе падне снег, тротоарите нема да замрзнуваат и никој не ги чека надлежните за да ги исчистат улиците.

Вакви места постојат и да е парадоксот поголем, искуствата покажуваат дека тоа решение е многу поефтино отколку плаќањето на сервисите за чистење на снег и мраз. Во Исланд властите ја искористат геотермалната енергија на островот за да им го олеснат движењето на граѓаните во услови на силни наноси на снег.
Исто така овде е и задоволството на граѓаните бидејќи не само што им е олеснето движењето во вакви услови, туку и парите кои градот ги заштедил се пренаменуваат за други сервиси корисни за граѓаните. Властите тврдат дека вака многу се заштедува и од други причини.
„Кога се чистат улиците од мраз и снег, тоа ги оштетува дополнително што значи дека сме заштедиле и од почесто реновирање на улиците и тротоарите. Исто така, помалку луѓе завршуваат во ургентните центри со скршеници од пад на замрзнатите тротоари.“, посочуваат тие.
Благодарение на геотермалната енергија на Исланд, многу и од домовите се загреваат со истата. Температурата на водата е помеѓу 100 и 300 степени целзиусови. Истечната вода пак која е околу 30 степени целзиусови, се испумпува во цевки кои минуваат под улиците и тротоарите на Рејкјавик.
