Неверојатни трансформации на луѓе кои ја добиле битката со килограмите (фото)

На форумот Progress Pics на Reddit корисниците ги споделуваат нивните неверојатни трансформации отако ја постигнале посакуваната тежина, а фотографиите дефинитивно ќе ве мотивираат.

neverojatni-transformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto01.jpg

Воопшто не е лесно да се ослободите од старите навики и целосно да го промените начинот на живот. А ако сакате да се ослободите од вишокот килограми или имате проблеми поради кои никако не можете да се поправите, предизвикот станува уште поголем.

Но, кога ќе ги видите резултатите на луѓе кои успеале да ја постигнат истата цел како вас, ќе сфатите дека тоа не е невозможно и навистина ќе се инспирирате.

На Reddit постои форум каде што над милион луѓе ги имаат споделено нивните „пред и потоа“ фотографии од неверојатните трансформации.

Ако, пак, ви треба мотивација, продолжете да читате исповеди на луѓе низ светот:

„Ја победив анорексијата. Сега одново се запознавам себеси и учам да ги ценам и другите нешта кај мене освен тежината“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-02.jpg

„Фотографија од мај 2019 и фотографија од септември 2020. Со години гледав вакви ’пред и потоа‘ споредби и плачев. Но, одлучив дека еден ден ќе направам и моја споредба“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-03.jpg

„Истото столче, 3 години подоцна. Се фокусирав на исхрана без јаглехидрати, богата со протеини. Наскоро треба да направам и операција за вишокот кожа“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-04.jpg

„Пред само три години решив да преземам контрола над мојот живот и да направам некои драстични промени. Оваа година петти пат трчав маратон и конечно имам фотографија на која изгледам како вистински атлетичар!“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-05.jpg

„Закрепнав после 8-годишна битка со анорексија и сега сум посреќна и поздрава од кога било“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-07.jpg

„Во текот на 9 години ослабев 72 килограми. За само 10 дена славам роденден и вљубена сум во личноста во којашто се претворив после речиси 50 години. Ајде да го славиме животот!“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-08.jpg

„Изгубив 49 килограми. Многу често добивав прекари бидејќи бев дебел, а поради тоа почнав да се мразам себеси. Оваа година го потпишав првиот договор со модна агенција – нешто за коешто работев напорно. Слабеењето ми помогна, но уште повеќе ми помогна тоа што научив да се сакам себеси“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-09.jpg

„Од 105 на 58 килограми. Ми се смачи да бидам дебела и конечно презедов контрола врз животот“

„Денес добив нова легитимација на работа. Кога ја споредив со онаа што ми ја дадоа во 2017-та за малку ќе заплачев“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-11.jpg

„Од 122 до 72 килограми, во текот на две години. Ми беше потребно време, но горд сум на себе што издржав“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-12.jpg

„На почетокот од средно и на матурската вечер. Со истото момче, но јас сум нова личност“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-13.jpg

„Трансформацијата на моето лице – денес налетав на пријател од факултет кој не можеше да поверува дека сум јас бидејќи сум бил ’непрепознатлив‘“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-14.jpg

„Ослабев 74 килограми. 20-тите ги поминав со депресија и алкохолизам, се надевам дека во 30-тите ќе бидам посреќна и поздрава“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-15.jpg

„Колку ми се промени лицето! Веќе не се фокусирам на слабеењето, туку на одржувањето на тежината. Навистина е прекрасно што ми се познава вилицата“

neverojatni-tranformacii-na-lugje-koi-ja-dobile-bitkata-so-kilogramite-foto-16.jpg
You might also like
Menu