Ако сакате да почнете со вежбање за да ослабите, добро би било да знаете колку калории согорува секоја физичка активност, но не се држете стриктно до овие бројки, секако дека постојат варијации.

Кога станува збор за слабеење, постојат многу фактори што можат да имаат влијание, како интензитетот на вежбите, нивното траење, но и вашата телесна тежина.
Земајќи ги предвид овие фактори, од медицинскиот факултет на Харвард направиле листа на која можете да видите колку калории ќе согорите за половина час со некоја активност, во зависност од вашата тежина.
На листата е направена споредба со луѓе кои тежат околу 56, 70 и 80 (или 84) килограми, и наведен е просечниот број на согорени калории за овие тежини.
Добро е да имате претстава колку калории се согоруваат согласно овие фактори, но земајте ги податоците со резерва, бидејќи сепак секое тело и организам функционира различно.
Погледнете колку калории (kcal) ќе согорите за половина час во зависност од тежината (kg):
Скокање јаже
Скокањето јаже е одлична вежба за загревање, но и многу добра аеробна вежба. Со неа можете да ја подобрите координацијата и да ги зајакнете рацете, нозете и рамењата.

Пливање
Пливањето е спорт што го активира секој дел од вашето тело. Уште подобро е што поради послабиот интензитет, можете да пливате подолго без да се изморите премногу.

Пешачење (брзина од 5-6 километри на час)
Ако немате опрема за вежбање и немате средства за во теретана, пешачењето е одлична активност за вас. А, нема ни потреба да одвојувате многу време за тоа – секогаш кога сте во можност одете пеш и сигурно ќе согорите повеќе калории од вообичаено.

Фудбал
Бројот на согорени калории при играње фудбал може да зависи од положбата на играчот. На пример, голманот би согорел помалку калории бидејќи во текот на играта не трча многу. Сепак, и ова е одличен спорт за слабеење, особено ако сакате групни активности.

Кошарка
Кошарката е малку подинамичен спорт, па со неа се согоруваат повеќе калории. Овој спорт може да ви помогне да ја подобрите вашата координација и да ги зајакнете мускулите на рацете и нозете.

Возење велосипед
Без разлика дали возите низ град или користите статичен велосипед, велосипедизмот е одлична кардио вежба. Ако имате проблеми со зглобовите, подобро би било да возите статичен велосипед.

Трчање (брзина од 8 километри на час)
И трчањето е спорт кој не бара опрема освен, можеби, добри патики. Оваа активност е одлична за оние кои не вежбале долго време и сега сакаат да се активираат.

Елиптичен велосипед
Оваа направа стимулира трчање, пешачење, возење велосипед и качување скали, што ја прави одлична за кардио вежби. Истовремено, со неа можете да согорите многу калории.

Тенис
И во овој случај бројот на согорени калории зависи од интензитетот на играта.

Кревање тегови
Кревањето тегови не е најпогодна вежба за согорување калории, но е одлична ако сакате да ги зајакнете и дефинирате мускулите.

Јога
И со јогата нема да согорите многу калории, но ќе ги истегнете и зајакнете мускулите, а ќе станете и пофлексибилни. Истовремено, со јогата ќе научите и како да дишете правилно.

Аеробик
Аеробните вежби ќе ви помогнат да согорите калории, да ја подобрите координацијата и рамнотежата, но и да ја зголемите флексибилноста. Истовремено, аеробните вежби се добри за кардиоваскуларниот систем.
