Што не е во ред на оваа фотографија од „син на мајка“ која кружи на социјалните мрежи?

Веруваме дека изминативе денови барем еднаш ви се појави оваа фотографија на социјалните мрежи. Најчесто во шеговит контекст, но позадината е малку повеќе загрижувачка.

sto-ne-e-vo-red-na-ovaa-fotografija-koja-kruzi-na-socijalnite-mrezi-01.jpg

Зошто оваа фотографија на која мајката го држи синот за рака на свадбата, не е смешна?

Одговорот одлично објаснет од страна на „НЕОКОРТЕКС – Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација“:

Интересна слика која кружи на интернет. Наликува на честа семејна динамика која ние терапевтите кои практицираме и семејна-системска психотерапија, секојдневно ја работиме со паровите.
Всушност, станува збор за незавршен процес на емоционална сепарација на личноста од родителот, и блискоста со него останува преголема, дури до умреженост. Ако тој природен, посакуван и развоен процес на сепарација не се случи од разни причини, и не се регулира блискоста-дистанцата во односот со родителите при стапување во зрела врска и брак, тоа може да е некаде голема потешкотија.

Знае да доведе до преголема контрола, влијание и пробив на границите од родителот во животот на младите, а тоа е честа причина за големи конфликти, па дури и сепарација некогаш.

Истовремено, младиот кој е премногу поврзан со својот родител, останува делумно зависен од него, со потреба од поткрепа, помала индивидуалност и помала моќ за носење лични одлуки, и одлуки во склоп на својот брак.
Истово, може да се случува кај двата партнера, независно од полот.

Брачниот пар треба да функционира како нова целина, со две возрасни индивидуи кои гледаат во иста насока, со свои желби, здрави граници и со моќ за одлучност при заеднички одлуки. 

*сликата е само асоцијација и поттик за размислување на важна семејна тема опишана во текстот, и не значи дека истиот се однесува на конкретните ликови.

You might also like
Menu