Експерти за сон од Универзитетот во Јужна Австралија кои се занимаваат со проучување на сонот и неговата корист за општото здравје на човекот откриваат совети како полесно да се разбудите и полесно да ја напуштите удобноста на вашиот кревет.
Според нив основен предуслов за тоа е добар сон. Не можете да се разбудите лесно и да се чувствувате одморено и свежо ако сте спиеле лошо. Тоа сигурно добро го знаете и од сопственото искуство. Затоа, наместо да размислувате за тоа кое кафе е подобро за полесно расонување, фокусирајте се во иднина подобро да спиете, односно да имате подобар сон. Еве неколку совети:
Дневна светлина
Утринската светлина му помага на човекот да си го прилагоди својот дневен билошоки ритам. За да одржите правилен и редовен ритам во однос на сонот и будењето, кога ќе се разбудите отворете ги прозорците и дозволете дневна светлина да влезе во просторијата во која сте спиеле.
Одредете рутина
Дневниот биолошки ритам најдобро функционира кога има своја рутина, затоа обидите се да воспоставите рамнотежа меѓу времето при легнување во кревет и будење.
Спијте во темнина
Не оставајте го запалено светлото навечер кога сакате да заспиете. Силното светло го отежнува сонот, бидејќи го потиснува мелатонинот – хормон кој е многу важен за добар сон. За добар сон најдобро место е тивка и мрачна просторија, која претходно е проветрена и малку разладена
Без храна
Обилен оброк пред спиење воопшто не е добар за сон, бидејќи кога ќе си легнете со полн стомак доаѓа до притисок врз мускулите на хранопроводникот, што го спречува протокот на стомачните киселини и содржината на стомакот.
Јадете го својот последен дневен оброк најдоцна два часа пред да одите на спиење.
Без пијалак
Алкохолот може да доведе до поспаност, но неговата консумација пред спиење може да биде причина за лош сон. Метаболизмот го доведува алкохолот до често будење, потење и главоболка.
Последниот алкохолен пијалак во денот би требало да го испиете најдоцна четири часа пред спиење.

Стрес
Ако сте имале стресен ден, ослободете се од стресот пред да си легнете. Во тоа може да ви помогне добра книга и шолја топол чај или млеко.
Избегнувајте возбудувања
Вежбање, играње на компјутерски игри и гледање телевизија до самото заминување на спиење го зголемува степенот на психолошко возбудување и го буди човекот
.