Лана дел Реј ја криеше врската од јавноста, но по само кратко време состанување има свршенички прстен на раката, по вторпат во животот. Кој е нејзиниот избраник?

Лана дел Реј се свршила со пејачот Клејтон Џонсон, пишуваат американските медиуми.
Парот се запознал на апликација за состанување и почнале да се следат и на Инстаграм во август.



35-годишната пејачка ги поттикна гласините за свршувачка откако се појави со масивен прстен во The Tonight Show кај Џими Фалон.

Прстенот го носи и на фотографија што ја објави на Инстаграм.


Инаку, Клејтон заедно со двајцата негови браќа е дел од музичкото трио The Johnsons, каде пее и свири на гитара.
Многумина се изненадени од веста за свршувачката на Лана затоа што таа се раздели од поранешното момче Шон Ларкин, пред само 9 месеци.

Лана не открива детали за врската, но со задоволство го покажува прстенот на раката.
Парот беше фотографиран заедно и на Halloween.
Ова не е прва свршувачка на Лана. Таа во 2014 година тајно се сврши со Бери Џејмс О’Нил.

