Која е приказната зад „најосамената куќа во светот“ на мал остров во Исланд? (фото)

Многумина имаат видено фотографија од најосамената куќа на светот, за која кружат гласини од типот дека ја направил милијардер како засолниште од потенцијална зомби апокалипса, но која е вистинската приказна за оваа куќа на остров во Исланд?

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-01.jpg

Неодамна на Reddit се појави фотографија од мал остров на кој има само една куќа, која веќе си го носела прекарот „најосамената куќа во светот“. Веќе извесно време на интернет кружат фотографии од ова место, но дури сега, после објавата на Reddit, целиот свет се заинтересира за него.

Куќата се наоѓа на островчето Елидеј во Исланд, а поради необичната положба, досега се појавија секакви теории на заговор и митови за неа. Куќата е опкружена само со трева и вода, а е сместена на подножјето на мал рид на островот.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-02.jpg

Некои луѓе се убедени дека куќата ја направил милијардер како засолниште од потенцијална зомби апокалипса.

Според други гласини, куќата ѝ припаѓа на некоја контроверзна религиозна личност, а постојат и гласини дека Исланд ѝ го подарил островот, заедно со куќата, на пејачката Бјорк.

Еден период имаше и луѓе кои не веруваа дека куќата постои и дека фотографиите се монтажа. Нормално, сето ова не е вистина.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-05.jpg

Денес островчето е целосно напуштено и куќата нема ни струја ни вода, но местото било населено пред околу 100 години.

Наводно, овде живееле пет семејства кои преживувале од риболов, ловење птици и одгледување добиток. Последните жители на островот се иселиле во 1930-тите, и оттогаш тој е напуштен.

Подоцна, во поблиско минато, била изградена и куќата, од страна на Здружение на ловџии од Исланд. Бидејќи на островот се собираат голем број птици од видот пафин, кои во Исланд можат да се ловат, ловџиите ја направиле куќата како нивна база и таа не е погодна за живеење.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-07.jpg
koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-03.jpg

Наводно, некои туристички компании од Исланд нудат и тури за оние кои сакаат да го посетат островчето. Елидеј е дел од архипелаг кој го сочинуваат 15-тина островчиња, лоцирани јужно од брегот на Исланд.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-04.jpg

Во меѓувреме, на Reddit почна интересна дебата за тоа дали ова е совршена локација за живеење, или не.

За некои корисници, ова е совршеното место за релаксација, далеку од луѓето и метежот во градот.

„Изгледа како најдоброто место за живеење“.

„Ова е совршена колиба за писател. Или, совршено место за дејството на некоја книга од Агата Кристи“.

„Вака изгледа мојата куќа од соништата“.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-06.jpg

Но, ги има и оние кои велат дека ако живеат на ова место, ќе „умрат од страв“:

„Сигурно ќе умрам од страв ако живеам овде и слушнам како некој се движи надвор во 4 наутро“.

„Многу би било лошо кога ќе треба да одите до продавница“.

„Пред 2020 мислев дека и јас би сакал да живеам на вакво место. Но, после скоро цела година во карантин, јасно ми е дека очајно ќе ми треба контакт со луѓе“.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-08.jpg

Нормално, повеќето корисници се шегувале:

„Убаво е, сè додека не дојде ред да ја косите тревата“.

„Барем оној што живее овде нема проблем со социјално дистанцирање“.

„Размислувајте долгорочно – штом ќе порасне нивото на океаните, ова ќе биде куќа на плажа“.

koja-e-prikaznata-zad-najosamenata-kukja-vo-svetot-na-mal-ostrov-vo-island-foto-09.jpg
You might also like
Menu