Кајли Џенер е најплатена славна личност во 2020 според Forbes, откако беше тргната од листата на милијардери

Со заработка од 540 милиони долари, Кајли Џенер е прогласена за најплатена славна личност од страна на Forbes за 2020-та, а на второто место, веднаш после неа, се наоѓа Канје Вест со заработка од 170 милиони долари.

kajli-dzhener-proglasena-za-najplatena-slavna-lichnost-vo-2020-spored-forbes-otkako-beshe-trgnata-od-listata-na-milijarderi-01.jpg

Според Forbes, Кајли Џенер е најплатената славна личност за 2020 година. 23-годишната ѕвезда годинава заработила дури 540 милиони долари.

Веднаш после Кајли, на листата се наоѓа Канје Вест кој заработил 170 милиони, па Роџер Федерер со заработка од 106 милиони.

На четвртото место е Кристијано Роналдо со заработка од 105 милиони, а на петтото – Лионел Меси кој заработил 104 милиони.

Кајли всушност заработила повеќе од нив четворица заедно.

kajli-dzhener-proglasena-za-najplatena-slavna-lichnost-vo-2020-spored-forbes-otkako-beshe-trgnata-od-listata-na-milijarderi-02.jpg

Претходно, Forbes ja смести Кајли на листата со милијардери, но набрзо ја тргна откако се откри дека, сепак, таа не е милијардер.

Тогаш, од магазинот споделија текст во кој изјавија дека податоците за богатство на Кајли биле лажни.

Кајли, пак, веднаш се огласи на социјалните мрежи изјавувајќи дека нивниот текст содржел лажни и непотврдени информации.

„Мислев дека ова е веб-сајт со репутација. Сè што гледам се бројни неточни изјави и непотврдени гласини. Никогаш не побарав ваква титула, ниту пак сум се обидела да лажам за неа.

Мене ми оди одлично. Можам да набројам 100 поважни работи од тоа колку пари имам“.

Според Forbes, богатството на Кајли изнесувало нешто помалку од 900 милиони.

kajli-dzhener-proglasena-za-najplatena-slavna-lichnost-vo-2020-spored-forbes-otkako-beshe-trgnata-od-listata-na-milijarderi-03.jpg

Годинава, Кајли најмногу пари заработила од продажбата на акциите од нејзиниот бренд за шминки. Канје, пак, најмногу заработил од договорот со Adidas за неговата колекција патики позната како Yeezy.

kajli-dzhener-proglasena-za-najplatena-slavna-lichnost-vo-2020-spored-forbes-otkako-beshe-trgnata-od-listata-na-milijarderi-05.jpg

Роџер Федерер бил првиот тенисер кој се нашол помеѓу првите пет на листата, а фудбалерот Кристијано Роналдо станал првиот тимски играч кој заработил 1 милијарда во текот на кариерата.

kajli-dzhener-proglasena-za-najplatena-slavna-lichnost-vo-2020-spored-forbes-otkako-beshe-trgnata-od-listata-na-milijarderi-06.jpg

10-те најплатени славни личности за оваа година:

1. Кајли Џенер – 590 милиони долари

2. Канје Вест – 170 милиони долари

3. Роџер Федерер – 106,3 милиони долари

4. Кристијано Роналдо – 105 милиони долари

5. Лионел Меси – 104 милиони долари

6. Тајлер Пери – 97 милиони долари

7. Нејмар – 95,5 милиони долари

8. Хауард Стерн – 90 милиони долари

9. Леброн Џејмс – 88,2 милиони долари

10. Двејн Џонсон – 87,5 милиони долари

You might also like
Menu