Најбогатите во светот во 2020 станаа уште побогати. Форбс објави статистика за колку

За време на пандемијата, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, богатството на милјардерите во светот пораснало за 20 насто, објави Форбс.

Се разбира, сите тоа го претпоставувавме и знаевме, но конкретните податоци за тоа како на милјардерите парите им ” паѓаат од небо”, се скоро фантастични. 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1.9 трилиони долари,

Во рејтингот на топ десетте земји чии милијардери најмногу го зголемиле своето богатство во 2020 година, на прво место се оние од Кина,  следни се милијардерите од САД, Француските се на трето место, по нив се оние од Индија, а на петто место се оние од Хонгконг.  На шесто место се германските милијардери, седмо јапонските а трите последние земји во десетката се Сингапур Австралија и Шведска

Кинеските милијардери се разбогатиле дури за 60 отсто. Меѓу нив лидер е Чжун Шањшањ, сопственик на „Nongfu Spring“, компанија за производство на флаширана вода. Неговото богатство пораснало од 2 милијарди долари во април годинава, до неверојатни 62.5 милијарди во декември.  Во САД, капиталот најмногу си го зголемил основачот на „Тесла” и „СпејсЕкс”, Илон Маск, и тоа за 17 милијарди долари.  Од француските милијардери, кои се на трето место во рејтингот на Форбс, најзголемен е капиталот на Арно, сопственик на „Dior“ и „Louis Vuitton“ и косопственичката на на „L’Oreal“, Франсоаза Бетанкур-Мејерс.  Тие држат повеќе од половина од вкупниот капитал на најбогатоте Французи.

You might also like
Menu